logo
logo
logo

Во пожарот во Хонг Конг загинаа најмалку 94 луѓе

Vecer | 28.11.2025

Во пожарот во Хонг Конг загинаа најмалку 94 луѓе

Во пожарот што изби пред два дена, како исчезнати се водат 279 луѓе.

Огнот изби во комплексот од осум висококатници со околу 2.000 домови во кои живеат над 4.600 луѓе. Комплексот бил во фаза на реновирање, а на зградите биле поставени скелиња од бамбус, што традиционално се користат во градежништвото поради лесниот и цврст материјал.

Полицијата уапси два директора и инженерски консултант на фирмата „Престиж констракшн“ (Prestige Construction), која една година работела на обнова на комплексот. Тие се осомничени за убиство од небрежност поради користење на несигурни материјални, меѓу кои и стиропор.

- Имаме причина да веруваме дека одговорните странски компании биле крајно небрежни, што доведе до оваа несреќа и предизвика пожарот да се шири неконтролирано, наведе началничката на полицијата Ајлин Чунг. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk