logo
logo
logo

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за Белгија

Vecer | 07.12.2025

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за Белгија

- Во рамките на интензивната операција против дистрибуцијата на наркотици, националната полиција на Перу заплени 3.407 килограми кокаин хидрохлорид во регионот Пиура (во северозападниот дел на земјата), со што го спречи испраќањето на товарот во странство, соопшти Министерството за внатрешни работи на Перу.

Конфискуваната дрога потекнува од регионот познат по одгледување кока, наречен ВРАЕМ (VRAEM – Valle de los Ríos Apurímac, Ene y Mantaro на шпански јазик, или Долината на реките Апуримак, Ене и Мантаро), прецизираше претседателот на Перу, Хосе Хери.

За време на операцијата, спроведена во средата, полицијата запрела камиони кои превезувале над 3.000 пакети со кокаин до склад за банани за извоз. Тој се наоѓа на околу 100 километри од пристанишниот град Паита, појаснија властите.

Генералот Нилтон Сантос, началник на полициската единица за борба против наркотиците, рече дека операцијата е спроведена заедно со американската Агенција за борба против дрога (ДЕА). Тој посочи дека вредноста на запленетиот кокаин надминува 68 милиони долари (58,4 милиони евра).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk