logo
logo
logo

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

Vecer | 03.10.2025

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

Како што пренесува „Билд“, повикувајќи се на норвешки медиуми, тројцата мажи во раните дваесетти години, биле ослободени кусо време по апсењето.

Полицијата не објави дополнителни детали за Германците, ниту каков вид дрон користеле.

Норвешката полиција претходно депортираше кинески државјанин и го казни со околу 1.000 евра затоа што управувал со дрон на аеродромот Сволвер.

Полицијата во округот Нордланд моментално истражува неколку пријави за дронови во близина на аеродроми, воени објекти и друга критична инфраструктура.

Иако овие ситуации со дронови предизвикале загриженост, норвешките власти сè уште не ја припишале одговорноста за инцидентите. Висок претставник на норвешката разузнавачка служба (PST) за новинската агенција NTB изјави дека засега „не е потврдена врска со слични набљудувања во други земји“.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон се сомнева дека зад неодамнешните инциденти со дронови на скандинавските аеродроми може да стои Русија.

- Веројатноста е прилично голема дека Русија сака да испрати порака до земјите кои ја поддржуваат Украина, рече Кристерсон за TV4.

Сепак, тој нагласи дека не е дефинитивно утврдено кој е одговорен за инцидентите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk