Владиниот портпарол Бала Идрис го потврди злосторството што се случило на универзитетот во државата Замфара, додавајќи дека шест жени биле спасени од армијата. Тој не откри колку вкупно биле киднапирани.
Војниците неутрализираа „десетици“ киднапери и „активно ги гонат за да обезбедат безбедно спасување на сите жртви“, рече Идрис. Локалните медиуми јавуваат дека најмалку 24 жени биле киднапирани во раните утрински часови во петокот во Гусау, главниот град на Замфара.
На видеата се гледаат искршените прозорци и врати низ кои киднаперите влегле во студентскиот дом. Масовните киднапирања од образовните институции се вообичаени во северна Нигерија.
Најлошиот случај се случи во април 2014 година кога џихадистите од Боко Харам киднапираа 276 девојчиња од средно училиште во Чибок. Се уште се трага по повеќе од стотина од нив. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за последното киднапирање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата