Советот за координација на исламскиот развој соопшти дека церемонијата ќе почне вечерва и ќе трае три дена, пренесува Тасним. Раководителот на Советот изјави дека плановите за организација на погребот на Хамнеи се во тек.
Тридневната комеморативна церемонија почнува вечерва со собирање на приврзаниците во молитвената сала на Големата Мосала во Техеран, а деталите за погребната поворка и самиот погреб сè уште не се познати.
Али Хамнеи, кој 37 години беше водач на Иран, беше убиен во израелски воздушен напад врз Техеран во саботата. Тој ќе биде погребан покрај својот татко.
Иранскиот Совет за лидерство го избра Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах, за нов ајатолах и врховен лидер на Иран, пренесе Иран Интернешнел. Како што наведува порталот, Моџтаба Хамнеи бил избран на инсистирање на Иранската револуционерна гарда (ИРЦГ). Според информациите до кои дошол порталот, Иранското Собрание на експерти, под притисок на ИРЦГ, го избрало Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач. Таа одлука сè уште не е официјално објавена и се очекува да биде соопштена откако Али Хамнеи ќе биде погребан, информира иранскиот портал.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата наутро во, како што беше соопштено, „превентивни напади“, до кои дојде по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма. Иран потоа почна масовни напади во знак на одмазда врз Израел и врз цели кои се поврзуваат со САД во регионот на Блискиот Исток.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата