logo
logo
logo

Во Иран денеска се одбележува 47-годишнината од Исламската револуција, покажани нови балистички ракети

Vecer | 11.02.2026

Во Иран денеска се одбележува 47-годишнината од Исламската револуција, покажани нови балистички ракети

Официјални лица наведуваат дека маршевите се одржуваат на повеќе од 1.400 локации, вклучувајќи го и централниот плоштад Азади во Техеран, а настаните ги следат околу 7.200 локални и речиси 200 странски новинари, објави „Преств“.

Собирањата започнаа утрово, а во претходните денови граѓаните низ целата земја со вечерни протести ја прославија победата на Револуцијата.

Иранските власти ги опишаа собирите како симбол на национално единство и отпорност, додека набљудувачите ги истакнаа политичките и културните пораки на настаните.

На маргините на маршевите се прикажани остатоци од изгорени и оштетени возила уништени за време на јануарските немири, кои иранските власти ги припишуваат на вооружени групи поддржани од странски сили.

На плоштадот Азади беа презентирани крстосувачки и балистички ракети, како и остатоци од израелски беспилотни летала наводно соборени за време на конфликтот.

Беа презентирани ракети „Сумар“, „Нур“ и „Кадир“, како и балистички ракети „Хаџ Касем“, „Емад“ и „Золфахар“, објавува „Тасним“, додавајќи дека дел од тие ракети биле користени во операциите „Вистинско ветување I, II и III“ против Израел, како и во нападите врз американската воздухопловна база „Ал Удајд“ во Катар.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан присуствуваше на маршот во Техеран, каде во следните неколку часа  треба да им се обрати на учесниците.

Исламската револуција од 1979 година беше пресвртница што го трансформираше Иран од прозападна монархија во исламска република.

Предводена од ајатолахот Рухолах Хомеини, разновидна коалиција од свештеници, студенти и секуларни активисти го собори шахот Мохамед Реза Пахлави, поддржан од САД.

Техеран и Вашингтон ги прекинаа дипломатските односи во 1980 година откако иранскиот народ ја окупираше американската Амбасада во иранската престолнина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk