logo
logo
logo

Во Ирак уапсени неколку лица поради пожарот на свадба

Vecer | 27.09.2023

Во Ирак уапсени неколку лица поради пожарот на свадба

Околу 200 луѓе се повредени во пожарот што избувна синоќа во градот Ал Хамданија во северната ирачка провинција Ниневија, изјави гувернерот Наџим ал Џабури.

Ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани нареди тридневна жалост ширум земјата за жртвите во пожарот, соопшти неговата канцеларија за односи со медиуми.

Ал-Џабури денеска прогласи еднонеделна жалост во Ниневија и нареди прославите по повод роденденот на исламскиот пророк Мухамед да се одложат „до натамошно известување“, јави ирачката државна новинска агенција ИНА.

Ирачкото Министерство за внатрешни работи, кое е задолжено за домашната безбедност, соопшти дека се уапсени девет работници во салата, а по четворица сопственици се издадени налози за апсење.

- Експертите за криминалистички докази и цивилната одбрана потврдија дека салата е изградена од многу запалив материјал Ecobond. Имаше и огномет што го предизвика инцидентот со пожарот, покрај недостигот на безбедносни услови, рече портпаролот на министерството Саад Маан.

Министерот за внатрешни работи Абдул Амир ал-Шамари денеска нареди да се формира комитет за да го истражи инцидентот за кој Министерството рече дека според прелиминарниот извештај „не е криминален“, туку поради отсуство на безбедносни мерки.

Во моментот на пожарот во салата имало околу 1.000 луѓе, според заменик-гувернерот на Ниневија, Хасан ал-Алаф.

Пожарот предизвика уривање на салата по што спасувачките екипи бараа преживеани под урнатините.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk