Авионот летал од финансискиот центар на Индија, Мумбај, до Барамати, градот во кој загина функционерот, кога се урнал и се запалил на речиси 254 километри од Мумбај.
Причината за несреќата засега останува непозната.
Вицепремиерот на западната индиска држава Махараштра, Аџит Павар (66), патувал кон Барамати за да води кампања за локалните избори.
Двајца членови на неговиот кабинет исто така загинаа, како и двајца членови на екипажот во авионот „лирџет 45“, соопшти Управата за цивилно воздухопловство.
Павар беше клучна фигура во политиката на Махараштра, член на владејачката коалиција на индискиот премиер Нарендра Моди. Тој одигра значајна улога во оваа држава и беше познат како човек што знаеше како да ги мобилизира гласачите од руралните средини.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата