logo
logo
logo

Влошени услови во израелскиот затвор Мегидо по договорот за примирје, утврди палестинската Комисија за затвореници

Vecer | 02.11.2025

Влошени услови во израелскиот затвор Мегидо по договорот за примирје, утврди палестинската Комисија за затвореници

 Условите во кои се наоѓаат осудените лица во затворот Мегидо на северот од Израел се влошија откако на 10 октомври стапи во сила договорот за прекин на огнот во Газа, постигнат со посредство на САД, соопшти Палестинската комисија за прашања на затворениците, а објави денеска Ал Џезира.

Во соопштението се додава дека чуварите ги тепале затворениците, како и дека им ги укинале лекарските прегледи и им го одзеле вежбањето на отворено.

Според податоците од групата за права на затворениците Адамир, во израелските затвори на израелска територија и на окупираната палестинска територија има речиси 10.000 Палестинци.

Лицата во таканаречен административен притвор, вклучувајќи жени и деца, се држат од израелската армија, а тој се обновува за периоди од шест месеци врз основа на „тајни докази“ што ниту на притворените ниту на нивните адвокати не им е дозволено да ги видат, навдува Ал Џезира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk