logo
logo
logo

Виткоф пристигна во Москва

Vecer | 25.04.2025

Виткоф пристигна во Москва

Како што е наведено, Виткоф се појавува како клучен соговорник на Вашингтон со Путин, додека американскиот претседател Доналд Трамп се залага за договор за прекин на војната во Украина. Пратеникот веќе одржа три долги лични средби со лидерот на Кремљ.

Неговата сегашна посета на Москва доаѓа еден ден откако Трамп ги критикуваше руските ракетни и беспилотни напади врз Киев, во кои загинаа најмалку 12 лица. 

Во исто време, американскиот претседател изјави дека е постигнат значителен напредок во мировните преговори.

„Следните неколку дена ќе бидат многу важни. Во моментов се одржуваат состаноци. Мислам дека ќе постигнеме договор. Мислам дека се приближуваме“, изјави Трамп во текот на вчерашниот ден. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk