logo
logo
logo

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели

Vecer | 22.02.2026

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф најави дека преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели, што, според него, ќе го отвори патот за трилатерален состанок меѓу претседателите на САД, Русија и Украина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Виткоф за Фокс њуз рече дека тој и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, кој е постојан член на делегацијата за мировни разговори за Украина, се надеваат дека ќе „презентираат некои предлози“ на руската и украинската страна што ќе ги зближат во следните три недели.

„И можеби дури и ќе доведат до самит меѓу Зеленски и претседателот Путин, можеби во одреден момент и трилатерален самит со претседателот (на САД), ќе видиме“, рече Виткоф.

Според него, Трамп нема да учествува на трилатералниот состанок ако не е убеден дека тоа ќе доведе до одобрување на договорот и „подобар исход“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk