logo
logo
logo

Виткоф на средба со премиерот на Катар во врска со предлогот за постигнување прекин на огнот во Газа

Vecer | 09.08.2025

Виткоф на средба со премиерот на Катар во врска со предлогот за постигнување прекин на огнот во Газа

Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денеска треба да се сретне со катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдул Рахман ал-Тани, на шпанскиот остров Ибица, за да разговараат за предлогот за постигнување прекин на огнот со кој би се ставил крај на војната на Израел против Хамас во Газа и би се ослободиле сите преостанати заложници, изјавија за „Аксиос“ два добро информирани извори.

Тие додадоа дека планот ќе им биде презентиран на Израел и Хамас во следните две недели.

Неименуван израелски функционер, кој исто така учествувал во преговорите, изјави за американскиот портал дека, иако Ерусалим не гледа проблем во напорите за постигнување сеопфатен договор, сепак постои „огромен јаз меѓу Израел и Хамас во однос на крајот на војната, па затоа веројатно нема смисла да се зборува за таков договор во овој момент“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk