logo
logo
logo

Виткоф го најави почетокот на втората фаза од планот за Газа

Vecer | 14.01.2026

Виткоф го најави почетокот на втората фаза од планот за Газа

Во објавата на Виткоф се наведува дека втората фаза од планот за прекин на конфликтот во Појасот Газа подразбира воспоставување на технократска палестинска администрација во окупираната енклава.

- САД очекуваат дека Хамас во целост ќе ги исполни своите обврски, вклучувајќи го и итното враќање на последниот починат заложник. Непостапувањето по тоа прашање ќе доведе до сериозни последици, објави Виткоф на X.

Примирјето во Појасот Газа стапи во сила на 10 октомври, но Израел и палестинската милитантна група Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот. Функционер на Хамас денеска изјави дека групата ги повикала посредниците да интервенираат за да се запрат секојдневните убиства на Палестинците. Според податоците на здравствените служби во Појасот Газа, повеќе од 440 Палестинци, главно цивили, се убиени од почетокот на примирјето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk