logo
logo
logo

ВИП гостите на инаугурацијата на Трамп добиле подароци, познато е што имало во нив (ФОТО)

Vecer | 24.01.2025

ВИП гостите на инаугурацијата на Трамп добиле подароци, познато е што имало во нив (ФОТО)

Имено, неколку гости откриле дека на церемонијата добиле и пакетчиња со подароци.

ВИП гостите кои биле лични гости на семејството Трамп добиле специјални спомени на инаугурацијата. Меѓу нив имало и голема црвена тетратка со златни детали и кожна папка.

Другиот подарок е златен медал на кој се изгравирани лицата на Трамп и потпретседателот Џеј Д. Венс. Други подароци вклучувале црвена паричка, божиќен украс во облик на Белата куќа и специјално шише диетална кока-кола.

Да потсетиме, Белата куќа претходно го врати познатото црвено копче во Овалната соба за претседателот Доналд Трамп лесно да нарача диетална кока-кола. Црвеното копче Кока-Кола што Трамп го користеше за време на неговиот прв мандат повторно беше забележано на неговото биро откако во понеделникот положи заклетва како 47-ми претседател на САД, објави Волстрит џурнал.

Преференцијата на Трамп за диетална кока-кола е веќе позната на јавноста. Тој постојано кажува дека не пие алкохол со оглед на тоа дека неговиот брат Фред починал од компликации поврзани со алкохолизам во раните 1980-ти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk