logo
logo
logo

Видео: Вулкан во Етиопија еруптира по 10.000 години, пепел се издигна до 15 километри во височина

Vecer | 24.11.2025

Видео: Вулкан во Етиопија еруптира по 10.000 години, пепел се издигна до 15 километри во височина

Според порталот, значајната нова ерупција започнала во саботата на еден од помалку познатите вулкани во планинскиот венец Ерта Але, во регионот Данакил. Вулканот Хаили Губи, сместен околу 15 километри југоисточно од континуирано активниот и познат вулкан Ерта Але, експлозивно еруптирал, создавајќи голем облак пепел кој се издигнал до 15 километри и се проширил над делови од југозападниот дел на Арапскиот Полуостров.

Сателитските снимки покажаа дека ерупцијата ослободила облак сулфур-диоксид (SO₂).

ВулканоДисковери наведува дека засега нема повеќе детали бидејќи областа е тешко пристапна и оддалечена од населени места, а главен извор на информации се сателитските податоци.

Етиопската телевизија FMC ја потврди вулканската активност во регионот Ерта Але. Според очевидци, експлозијата што ја придружувала ерупцијата била невообичаено силна – и по интензитет и по звук. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk