logo
logo
logo

Видео: Во Колумбија се урна авион со 110 војници

Vecer | 23.03.2026

Видео: Во Колумбија се урна авион со 110 војници

Министерството за одбрана на Колумбија денеска соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, учествувал во несреќа на југот на земјата, додека локалните медиуми наведуваат дека во леталато се наоѓале околу 110 војници.

Министерот за одбрана на Колумбија, Педро Санчез, изјави дека несреќата се случила при полетување од база во колумбискиот дел на прашумата Амазонија, на границата со Перу, додека авионот превезувал припадници на вооружените сили.

- Точниот број на жртви и причините за падот сè уште не се утврдени – рече Санчез.

Локалното радио БлуРадио (BluRadio), повикувајќи се на официјални извори, наведува дека во авионот имало 110 војници, како и дека несреќата се случила на околу три километри од урбани центар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk