logo
logo
logo

ВИДЕО| Русија успешно тестираше уште една хиперсонична ракета

Vecer | 29.11.2021

ВИДЕО| Русија успешно тестираше уште една хиперсонична ракета

Руската армија во понеделникот објави дека извела нив успешен тест на уште еден модел хиперсоничен проектил „Циркон“, вид оружје во чиј развој Русија предничи во светот и експертите го оценуваат како голем фактор во современото војување.

Веста доаѓа откако неодамна во американските медиуми беше објавена информацијата дека наводно Кина летово тестирала хиперсонична ракета којашто и самата може да истрела проектил, што е технологија со којашто сѐ уште не располага Русија а уште помалку САД кои се уште на самиот почеток на развојот на ваквото вооружување.

Руската армија во соопштението наведува дека ракетата „Циркон“ била истрелана од фрегатата „Адмирал Горшков“ во акваториумот на Белто Мпред врз цел на оддалеченост над 400 километри исто така во арктичките води.

Лансирањето е оценето како „успешно“, а на видеоснимката која ја објави руското министерство за одбрана се гледа светлосен блесок и ракета која зад себе на ноќното небо остава сјајна трага и чад.

Проектилот „Циркон“ првпат беше лансиран во октомври 2020 година. Потоа следеа и други тестирања, вклучително и од фрегатата „Адмирал Горшков“ и од потопена подморница. Претходното вакво лансирање беше изведено на 18-ти ноември, а со денешното се смета дека е заокружен циклусот на тестирања.

Ракетите „Циркон“ се способни да развијат брзина до девет Маха, односно девет пати поголема од брзината на звукот, односно околу 2,65 километри во секунда на височина од 20 километри,над 10.000 километри на час. Според министерството за одбрана, проектилот има дострел од повеќе од 1.000 километри. Планирано е со него да бидат вооружувани површински и подводни пловила, како постојни така и оние кои се развиваат.

Првите хиперсонични ракети од новата генерација „Авангард“ , коишто може да постигнат брзина од Мах 27, како и да ја менуваат насоката и височината, се воведени во служба во руската армија во декември 2019 година.

Рускиот претседател Владимир Путин уште во 2018 година најави спектар на ново хиперсонично оружје, а следната година се закани дека ќе распореди хиперсонични проектили на бродовите и подморниците, за да бидат подготвени да дејствуваат во случај САД да распоредат нуклеарно оружје со среден дострел во Европа.

Русија, исто така, развива и оружје коешто може да се користи во Вселената, откако пред две години САД и НАТО ја прогласија за ново поле на војувањето. Така неодамна Москва потврди дека уништила стар советски сателит во орбитата, што го налути Западот, иако САД од 1950-те години вршат такви лансирања, кој ја обвини за наводно загрозување на Меѓународната вселенска станица (ISS) и за произведување „големо количество вселенски отпад“. Покрај САД, пред Русија уништување сателити во Вселената изведоа и Индија и Кина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk