logo
logo
logo

(ВИДЕО) Како Симпсонови ја предвидоа и руско-украинската криза

Vecer | 26.02.2022

(ВИДЕО) Како Симпсонови ја предвидоа и руско-украинската криза

Некои сметаат дека авторите на анимираната серија „Симпсонови“ предвиделе многу настани во светот, а меѓу нив се и геополитичките амбиции на Русија.

На оваа епизода потсетија корисниците на социјалните мрежи, а во неа е претставена реинкарнацијата на Советскиот Сојуз по неговиот распад.

Прикажано е како Русија во Обединетите нации го менува своето име во Советски Сојуз, тенкови, војници што маршираат, обнова на Берлинскиот ѕид и оживување на еден од советските лидери Владимир Илич Ленин, кој порачува:

„Морам да го уништам капитализмот“.

Алузиите за Русија од оваа анимирана серија значително се однесуваат на тоа како Русија моментално ги третира Украина и Западот.

Во овој случај, рускиот претседател Владимир Путин е олицетворен во Ленин, додека некои веруваат дека Путин повеќе личи на руски цар од 21 век.

Причината зошто некои ги идентификуваат Ленин и Путин е изјавата на Путин дека распадот на Советскиот Сојуз е најголемата трагедија на 20 век.

Оттука и заклучокот дека актуелниот претседател сака да ја направи Русија онаква каква што беше во времето на Советскиот Сојуз.

Не е познато што имал на ум Мет Гронинг, креаторот на „Симпсонови“, при осмислувањето на епизодата од анимираната серија, но успеал да предвиди одредени настани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk