Експлозии повторно се слушнаа утрово во земјите од Персискиот Залив откако претходниот ден во американско-израелските напади врз Иран беше убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти во неделата дека десетици напади насочени кон американските и израелските позиции биле извршени како одговор на атентатот врз врховниот лидер на Иран.
Нови експлозии во Доха.
Очевидци во катарската престолнина Доха пријавија дека слушнале неколку гласни детонации во недела наутро.
Според министерот за внатрешни работи на Катар, службите за итни случаи реагираат на мал пожар во индустриската зона во Доха, кој избувна откако остатоци од пресретната ракета паднаа во областа. И Дубаи е повторно нападнат.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин.
Очевидци известуваат дека слушнале најмалку четири силни детонации.
Експлозии одекнуваат во Бахреин и Абу Даби.
🚨 Dubai has been hit yet again. pic.twitter.com/Qx5NqmSGmW
— Daily Sports (@TransferNews159) March 1, 2026
Дубаи беше двапати погоден утрово од нови експлозии. Дописниците на агенцијата Франс-прес во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, слушнаа нова серија детонации кратко пред да известат. Нападот беше извршен на аеродромот во Дубаи, каде што се собираат американските сили. Две лица беа повредени во нови напади врз главниот град на ОАЕ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата