logo
logo
logo

Видео-Фото: Горат згради во Хонг Конг, има загинати

Vecer | 26.11.2025

Видео-Фото: Горат згради во Хонг Конг, има загинати

Властите потврдија дека уште две лица се во критична состојба, додека едно е стабилно.

Се стравува дека уште луѓе се уште се заробени во високите згради зафатени од пламен, пишува Би-Би-Си.

Драматичните снимки од областа Таи По во Хонг Конг покажуваат густи облаци од чад и пламен како излегуваат од неколку кули на станбениот комплекс Ванг Фук Корт.

Пожарот што избувна во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во населбата Таи По се случува додека тој се реновира. Станува збор за голема населба со 1.984 станови во кои живеат приближно 4.000 луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk