logo
logo
logo

Видео: Експлозија во складиште за гас во близина на Оксфорд

Vecer | 03.10.2023

Видео: Експлозија во складиште за гас во близина на Оксфорд

Британската полиција соопшти дека верува оти пожар што изби во складиште за гас во близина на Оксфорд бил предизвикан од удар на гром. Службите за итна помош се на терен, а нема извештаи за повредени, информираат од полицијата.

Експлозијата во складиште за гас во близина на Оксфорд ги вознемири граѓаните на тој британски град. Полицијата претпоставува дека експлозијата и пожарот биле предизвикани од удар на гром, пренесуваат британските медиуми.

-Се верува дека гром удрил во складиште за гас за време на вечерашното невреме, предизвикувајќи голем пожар, се вели во соопштението на полицијата објавено на „X“.

Од полицијата додаваат дека нема извештаи за повредени, а итната помош е на местото на пожарот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk