logo
logo
logo

Видео: Експлозија одзеде најмалку 40 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана

Vecer | 01.01.2026

Видео: Експлозија одзеде најмалку 40 животи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана

Полицијата потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад.

Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има многу повредени и многу мртви.

„Имаше експлозија од непознато потекло“, изјави портпаролот на кантоналната полиција Галтан Латион. 

Експлозијата се случила во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, во кантонот Вале за време на новоогдишната прослава околу 1:30 часот по локално време во барот „Констелејшн“, кој е многу популарен кај туристите. 

Сликите објавени во швајцарските медиуми покажаа зграда во пламен и служби за спасување во близина.

„Операцијата е сè уште во тек“, нагласи портпаролот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk