logo
logo
logo

Вевер: Конфискувањето на 200 милијарди евра замрзнати руски средства во Европа „акт на војна“

Vecer | 21.03.2025

Вевер: Конфискувањето на 200 милијарди евра замрзнати руски средства во Европа „акт на војна“

Конфискувањето на речиси 200 милијарди евра замрзнати руски средства во Европа ќе биде „акт на војна“, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер.

Говорејќи по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, тој предупреди дека тој потег ќе носи „системски ризици за целиот глобален финансиски систем“ и ќе предизвика одмазда од Москва, пренесува порталот Политико.

„Ние не живееме во свет на фантазии. Ние сме во реалниот свет, каде што ако некому земете 200 милијарди евра, ќе има последици“, рече Де Вевер.

Ова предупредување доаѓа во време кога европските земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и Шпанија, се залагаат за идејата за запленување на руските средства кои беа замрзнати откако Москва започна напад врз Украина во февруари 2022 година, а нивната идеја е да ги искористат овие пари за воено зајакнување на Киев и неговата позиција во мировните преговори со Русија, пишува бриселскиот портал.

Белгија би имала значајна улога во ова постапување, бидејќи „Јуроклир“ (Euroclear), финансиската институција која држи најголем дел од замрзнатите руски средства во Европа, се наоѓа во Брисел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk