Тој додаде дека Трамп се надева дека Иранците сериозно ќе ги сфатат утрешните преговори.
- Претседателот беше кристално јасен, колку што можеше да биде, дека Иран не може да има нуклеарно оружје … Ќе се обиде тоа да го постигне по дипломатски пат - посочи Венс.
Утре во Женева ќе се одржи нова рунда американско-ирански преговори за нуклеарната програма на Техеран, соопшти Министерството за надворешни работи на Оман.
Претходната рунда разговори, исто така беше одржана во Женева, на 17 февруари, со посредство на Оман.
Трамп повеќе пати предупреди дека ќе употреби воена сила, ако не се изнајде решение по дипломатски пат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата