logo
logo
logo

Венс: САД го разгледува украинското барање за ракетите „Томахавк“

Vecer | 29.09.2025

Венс: САД го разгледува украинското барање за ракетите „Томахавк“

Тој за „Фокс њуз“ (Fox news) изјави дека конечната одлука за тоа ќе ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од Вашингтон да му продаде ракети „Томахавк“ на европските држави, кои потоа ќе дадат на Украина.

- Секако дека ги разгледуваме неколкуте барања на Европејците, посочи Венс.

Ракетата „Томахавк“ има дострел до 2.400 километри и боева глава од 450 килограми. Поранешниот американски претседател Џо Бајден одби да и испорача на Украина ракети „Томахавк“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk