Ве молам за целосна тишина!
Има ли некој таму долу, втор ден одекнува над бетонските блокови во Венецуела, додека трае трескавичната битка по преживеани по двата катастрофални земјотреса најсилни во јужноамериканската држава во последните сто години. Утрото донесе надеж во со земја срамнетиот регион Ла Гваира, кога жена беше извлечена од под урнатините.
-Кога почна се да се тресе се фатив цврсто, многу цврсто за рамката од вратата и се држев силно, поради што сега ми е скршена раката. Се држев се додека сите катови не се урнаа надоле. , изјави Грациела Мора
Снимките од дрон ги покажуваат размерите на катастрофата на која Венецуела самата тешко може да одговори. Освен бројот на жртви кој постојано расте, денеска пристигнаа нови застрашувачки бројки, дека бројот на исчезнати надминува 50 илјади луѓе.
-Ние загубувме сè, сè, сè. Мојот син е таму, има 36 години. Другиот има 35. , вели жителка на Каракас
-Спасувачите се таму, тука нема никој. Потребни се камиони за помош. Нека земат трактори, механика, булдожери. Тоа луѓето го очекуваат. , вели жител на Каракас
Двата земјотреса од 7,1 и 7,5 рихтерови веќе се прогласени за најкатастрофални во поновата историја во Латинска Америка, не само поради јачината, туку и поради интервалот од само 40 секунди и плиткоста на потресите кои се случија на 20-ина километри длабочина.
-Тие (дуплетите) не се непознати, но разликата од една минута е многу невообичаена. На пример, земјотресите во Турција во 2023 година беа исто така дуплети, но беа на временска разлика од 9 часа. Веројатно (во Венецуела) имало згради оштетени од првиот земјотрес и се уште стојат, но набрзо потоа биле погодени од уште посилен земјотрес, тоа веројатно предзивикало уривање. , изјави Алисон Бент, сеизмолог од Канада
Спасувачи од десетици држави веќе пристигнаа во Венецуела, а се чека одговорот од САД кои освен парична помош и спасувачи, најавија транспортни бродови и авиони. Катастрофата е прв сериозен тест за односите меѓу Вашингтон и Каракас, откако Трамп во јануари нареди апсење на екс претседателот Мадуро, кој во моментов е во американски затвор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата