Овие лица беа уапсени како дел од политичката криза предизвикана од реизборот на Николас Мадуро за третиот претседателски мандат минатиот јули, на избори за кои опозицијата тврди дека биле обележани со измама.
„Владата и судството одлучија да го проценат секој случај и, во согласност со законот, да одобрат мерки на претпазливост, што доведоа до ослободување на 99 граѓани“, објави администрацијата на државните затвори.
Според венецуелската Влада, овие лица биле затворени „за учество во насилство и поттикнување омраза по изборите на 28 јули 2024 година“.
Меѓу ослободените затвореници е и Марги Ороско, 65-годишна докторка осудена на 30 години затвор за „предавство, поттикнување омраза и заговор“ откако го критикуваше претседателот во гласовна порака, изјави за француските медиуми невладината организација Правда, средба и простување.
Објавата за победата на Мадуро доведе до протести во кои беа уапсени приближно 2.400 лица, кои претседателот ги нарече „терористи“. Според официјалните бројки, повеќе од 2.000 од нив оттогаш се ослободени.
Најновиот бран на ослободувања започна на Божиќ, според Комитетот за слобода на политичките затвореници, кој извести за ослободување на 60 затвореници.
„Го славиме ослободувањето на повеќе од 60 Венецуелци кои никогаш не требаше да бидат произволно притворени“, изјави вчера активистката Андреина Бадуел.
„Но, тие не се целосно слободни. Ќе продолжиме да работиме за нивна целосна слобода и слободата на сите политички затвореници“, додаде таа, прецизирајќи дека овие лица се условно ослободени, со обврска редовно да се јавуваат пред судовите.
Западните медиуми побараа дополнителни информации од канцеларијата на јавниот обвинител, која сè уште не одговорила. Според членовите на семејството, ослободените биле држени во затворот со висок степен на безбедност Токорон, кој се наоѓа во сојузната држава Арагва, на 134 километри од Каракас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата