logo
logo
logo

Венецуела го отфрли како апсурден планот на САД за прогласување на „Картел де лос Солес“ за терористичка организација

Vecer | 24.11.2025

Венецуела го отфрли како апсурден планот на САД за прогласување на „Картел де лос Солес“ за терористичка организација

Венецуелската влада денеска го отфрли планот на САД за прогласување на нарко картелот „Картел де лос Солес“, што, според официјален Каракас,  веќе не постои, за терористичка организација, нарекувајќи го планот на Вашингтон „апсурден“, објавија британските медиуми.

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, неодамна изјави дека Стејт департментот ќе го додаде споменатиот нарко-картел „Картел де лос Солес“ на списокот на „странски терористички организации“. Американските претставници го обвинија „Картел де лос Солес“ за соработка со транснационалната криминална организација „Трен де Арагва“ преку која испраќа дрога во САД.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го обвини венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека е лидер на „Картел де лос Солес“. 

Британските медиуми пренесуваат дека Мадуро и неговата влада постојано негираат каква било вмешаност во криминали од таков карактер и дека ги обвинуваат САД за барање начин за промена на режимот во Каракас за да ги контролираат огромните нафтени резерви на Венецуела.

Одлуката за прогласување на „Картел де лос Солес“ за странска терористичка организација се очекува Вашингтон официјално да ја донесе денеска поради неговата наводна улога во трговијата со дрога во САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk