logo
logo
logo

Велика Британија купува 12 авиони F-35A што можат да носат нуклеарно оружје

Vecer | 25.06.2025

Велика Британија купува 12 авиони F-35A што можат да носат нуклеарно оружје

Во соопштението се наведува дека купувањето на вакви авиони од компанијата „Локид Мартин“ би можело да им овозможи на британските воздухопловни сили да носат нуклеарно оружје за прв пат од Студената војна, пренесуваат британските медиуми.

-Во ерата на радикална несигурност, повеќе не можеме да го земаме мирот здраво за готово, поради што мојата влада инвестира во нашата национална безбедност, рече британскиот премиер Кир Стармер во соопштение објавено синоќа.

Британската влада изјави дека купувањето на авионите ќе ѝ овозможи да придонесе во НАТО со таканаречени авиони со двојна способност за носење нуклеарно оружје во случај на конфликт.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека „ова е уште еден силен британски придонес во НАТО“.

Британското нуклеарно одвраќање во моментов се потпира исклучиво на подморничкиот систем „Трајдент“, што потфрли за време на тестирањето минатата година.

Тактичкото нуклеарно оружје е наменето за употреба на бојното поле, за разлика од стратешкото нуклеарно оружје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk