logo
logo
logo

Велика Британија ќе воведе санкции за двајца израелски министри

Vecer | 10.06.2025

Велика Британија ќе воведе санкции за двајца израелски министри

Велика Британија ќе им се придружи на Канада, Австралија, Нов Зеланд и други земји во замрзнување на банкарските сметки и ќе воведат забрана за патување за министерот за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир и за министерот за финансии Безалел Смотрих.

Велика Британија, како и дел од европските држави, се обидува да го засили притисокот врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да дозволи дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа.

Велика Британија минатиот месец ги суспендираше разговорите за слободна трговија со Израел поради неговата „скандалозна политика“ во Западниот Брег и во Појасот Газа, го отповика својот амбасадор и најави нови санкции против доселениците на Западен Брег.

Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами последната израелска офанзива во Појасот Газа ја оцени како „ново темно поглавје во конфликтот“. Тој ги осуди и коментарите на Смотрич за можно уништување на палестинската енклава и преместување на жителите во трети земји. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk