logo
logo
logo

Ведефул: Силата на НАТО е во ладнокрвноста

Vecer | 29.09.2025

Ведефул: Силата на НАТО е во ладнокрвноста

- Пораката до Москва е јасна. Ние сме заедно како сојузници. НАТО решително ќе ги брани нашите граници. Но, во исто време сакам да нагласам дека не дозволуваме да бидеме вовлечени во ескалацијата на конфликтот. Силата на НАТО е и во тоа што останува ладнокрвен, наведе Вадефул во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“.

Тој, по повеќето случаи на нарушување на воздушниот простор на земји-членки на НАТО, ја предупреди Русија да престане со провокации и ризикување на ескалација на конфликтот.

- Таа војна ќе заврши кога Путин ќе сфати дека се нашол во ќорсокак. Само тогаш ќе биде подготвен за сериозни преговори, посочи Вадефул, при тоа додавајќи оти безбедносните гаранции за Украина мора да бидат такви, а украинската армија толку вооружена, што за неколку месеци или години нема повторно да се најдеме на местото каде што е сега конфликтот.

Вадефул денеска во Варшава има средба со полскиот и францускиот колега во рамките на Вајмарскиот триаголник, а ќе присуствува и на Варшавскиот безбедносен форум.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk