logo
logo
logo

Вчера го поздравија, денеска со солзи се збогуваат од папата- илјадници во Ватикан (ВИДЕО)

Vecer | 21.04.2025

Вчера го поздравија, денеска со солзи се збогуваат од папата- илјадници во Ватикан (ВИДЕО)

Бројни верници застанаа на истиот плоштад, каде што вчера воодушевено го поздравуваа поглаварот на Римокатоличката црква, кој излезе да ги поздрави на Велигден, објави Јаху.

Иако во последните месеци беше тешко болен, папата сепак на Велигден се појави на балконот на плоштадот Свети Петар за да ги поздрави верниците.

Народот денеска немо се собира на плоштадот со молитви за покој на душата на починатиот папа.

За потсетување, утрово од Ватикан стигна соопштение дека почина папата Франциск.

„Утрово во 7:35 часот, бискупот римски Франциск се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата Црква. Тој нè научи да ги живееме вредностите на Евангелието со верност, храброст и универзална милосрдие, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните, како пример за неговата вистинска благодарност со душата на папата Франциск на бескрајната милосрдна љубов на Бог“, се вели во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk