logo
logo
logo

Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза

Vecer | 22.02.2025

Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза

„Светиот Отец утринава имаше продолжена астматична респираторна криза, поради што беше потребно да му се администрира кислород со висок проток“, се наведува во медицинскиот билтен објавен од Канцеларијата за печат на Ватикан, пренесува АНСА.

Во соопштението се додава дека анализите на крвта покажале тромбоцитопенија, поврзана со анемија, што наложило итно да му се даде трансфузија на крв.

Папата Франциск и натаму е свесен и денот го минал седејќи во фотелја, иако чувствувал поголема малаксаност во споредба со вчера. Моментално прогнозите за неговата состојба остануваат неизвесни. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk