logo
logo
logo

Ватикан: Папата Франциск се моли за жртвите во силниот земјотрес во Југоисточна Азија

Vecer | 28.03.2025

Ватикан: Папата Франциск се моли за жртвите во силниот земјотрес во Југоисточна Азија

Папата е информиран за катастрофата во Мјанмар и се моли за драматичната ситуација и бројните жртви, исто така и во Тајланд“, соопшти Ватикан.

Денеска е шестиот ден од закрепнувањето на Светиот Отец откако помина пет недели во болница поради пневмонија на двете белодробни крила, забележуваат агенциите.

По враќањето во Ватикан во неделата, папата продолжи со лекувањето со физиотерапија и респираторна терапија, при што беа забележани мали подобрувања во неговиот говор и движења, соопшти прес-службата на Светата столица, без да даде дополнителни детали. Тој продолжува да се лекува од долготрајна инфекција на респираторниот тракт. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk