logo
logo
logo

Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ

Vecer | 22.02.2025

Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ

На вчерашната прес-конференција во болницата Гемели во Рим, докторот Серхио Алфиери, шеф на тимот што се грижи за папата и доктор Луиџи Карбоне, заменик-директорот на здравствената служба на Ватикан, соопштија дека папата ќе биде хоспитализиран „најмалку цела следна недела“, дека неговата состојба не е животно загрозувачка, но и оти се уште е опасна.

Доктор Алфиери нагласи дека папата не е прикачен на вентилатор, иако сè уште се бори со дишењето и, следствено, со ограничени физички движења, потсети Ватикан Њуз. Сепак, рече лекарот, папата седи исправено на столица, работи и се шегува како и обично. Алфиери рече дека кога еден од лекарите го поздравил папата велејќи „Здраво, свети оче“, тој одговорил со „Здраво, свети сине“.

На новинарско прашање кој е нивниот најголем страв, лекарите рекоа дека постои ризик бактериите во респираторниот тракт на папата да влезат во неговиот крвоток и да предизвикаат сепса.

Доктор Алфиери, сепак, рече дека е уверен дека папата Франциск ќе ја напушти болницата во одреден момент и ќе се врати во Каза Санта Марта во Ватикан, но неговите хронични респираторни проблеми ќе останат. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk