Ватикан го опиша исходот од разговорите во Истанбул, меѓу делегациите на Украина и Русија, прв од почетокот на војната во 2022 година како „трагичен“ откако рускиот претседател Владимир Путин одби да учествува во директни разговори со Володимир Зеленски, пишува „Политико“.
„Сето ова е трагично, бидејќи се надевавме дека тоа ќе биде, можеби, бавен, но мирен процес на решавање на конфликтот. Наместо тоа, се враќаме на почетокот“, изјави за новинарите денеска државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.
Паролин додаде дека папата Лав XIV. планира да го понуди Ватикан како место за директна средба меѓу Украина и Русија, велејќи дека Светата столица е подготвена да се стави на располагање за продолжување на разговорите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата