logo
logo
logo

Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец

Vecer | 23.06.2025

Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец

-Ја охрабрувам кинеската Влада во Пекинг и ги повикувам за ова прашање бидејќи тие се во голема мера зависни од Ормскиот теснец за нивната нафта, изјави Рубио за „Фокс њуз“.

Аналитичарите веруваат дека Иран би можел да одговори на нападот на Вашингтон што се случи во ноќта меѓу саботата и неделата со затворање на Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од светскиот транзит на нафта.

-Ако го затворат, тоа ќе биде уште една огромна грешка. Тоа е економско самоубиство за нив ако го сторат тоа, а ние правиме сè што можеме да се спротивставиме на тоа, рече Рубио.

Шефот на американската дипломатија рече дека и другите земји треба да се справат со ова прашање, бидејќи економиите на многу земји ќе бидат погодени многу повеќе од американската.

-Мислам дека тоа би претставувало огромна ескалација што би заслужувала одговор. Не само од наша страна, туку и од другите, рече американскиот државен секретар.

Иран претходно се закануваше со напади врз базите што ги користат американските сили на Блискиот Исток, а советник на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, рече дека тие ќе се сметаат за „легитимни цели“.

Кина им се придружи на Русија и голем број арапски земји во осудата на нападите на САД врз Иран, велејќи дека тие „ги влошуваат тензиите на Блискиот Исток“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk