logo
logo
logo

Вашингтон пост: Пентагон подготвува 1.500 војници за евентуално распоредување во Минесота

Vecer | 18.01.2026

Вашингтон пост: Пентагон подготвува 1.500 војници за евентуално распоредување во Минесота

Војската ги стави единиците во состојба на готовност во случај насилството во федералната држава да ескалира, објави весникот.

Тој потег е преземен откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го активира Законот за бунт доколку државните претставници не ги спречат демонстрантите да напаѓаат агенти на Службата за имиграција и царина (ICE).

- Доколку корумпираните политичари во Минесота не го почитуваат законот и не ги спречат професионалните агитатори и бунтовници да напаѓаат патриоти на ICE кои само се обидуваат да си ја работат работата, ќе го активирам ЗАКОНОТ ЗА БУНТ, напиша Трамп на својата социјална мрежа во четвртокот.

Ниту Пентагон ниту Белата куќа не одговорија веднаш на барањето на весникот за коментар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk