logo
logo
logo

Вашингтон ги заострува санкциите кон Русија, на удар „Лукоил“ и „Росњефт“

Vecer | 23.10.2025

Вашингтон ги заострува санкциите кон Русија, на удар „Лукоил“ и „Росњефт“

Американскиот министер за финансии Скот Бесент синоќа изјави дека Вашингтон ќе објави нова рунда санкции против Москва, еден ден по одложувањето на состанокот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта за прекин на војната во Украина.

„Во текот на денот или утре наутро ќе објавиме значително заострување на санкциите против Русија“, изјави Бесент пред новинарите во Белата куќа.

Британските медиуми наведуваат дека санкциите се насочени пред се кон нафтените компании „Лукоил“ и „Росњефт“.

Американскиот министер изјави за каналот Фокс Бизнис дека Путин не бил „ниту чесен, ниту искрен“ со Трамп.

„Претседателот Путин не бил толку фер и искрен на преговарачката маса како што се надевавме“, рече Бесент, додавајќи дека американскиот претседател е „разочаран од моменталната состојба на разговорите“ за прекин на војната во Украина, која започна со руската инвазија во февруари 2022 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk