logo
logo
logo

Ужас во Турција: Кучиња до смрт изгризале 12- годишно девојче, додека одела да земе книги

Vecer | 19.01.2025

Ужас во Турција: Кучиња до смрт изгризале 12- годишно девојче, додека одела да земе книги

Овој шокантен инцидент ја потресе Турција, особено што жителите на Јуксекова веќе извесно време укажувале на проблеми со кучињата скитници, објави Анадаолија.

Еслем Текер, ученичка од основно училиште, вчера го добила свидетелството и сакала да позајми книги од блиската библиотека за да го искористи училишниот распуст. Додека поминувала преку празна ливада, во близина на главниот пат, била нападната од глутница кучиња скитници.

Според очевидци нападот бил брутален и ненадеен. На помош дошле жителите од околните куќи кои успеале да го ослободат девојчето, но повредите со кои се здобила биле фатални.

Откако минувачите повикале брза помош, Еслем во критична состојба била пренесена во болница. И покрај напорите на лекарите, Еслем го загубила животот. Нејзиното тело е пренесено во мртовечница на обдукција.

Семејството на девојчето е во шок, а жителите на Хаќари побарале итни мерки за решавање на проблемот со кучињата скитници кои станале сериозна закана за локалното население.

Трагичниот настан покренал многу прашања за безбедноста во овој турски град. Според локалните извештаи, жителите веќе ги предупредиле властите за големиот број кучиња скитници во областа.

„Со години зборуваме за опасноста, но никој ништо не презема. Ова е голема трагедија за сите нас. Ако порано беше решен проблемот со кучињата скитници, денес Еслем ќе беше со нас“, вели еден од мештаните.

Трагедијата привлече големо внимание во јавноста и осуда за неодговорноста на власта. По несреќата, екипите на локалната самоуправа и ветеринарните служби почнаа да ги собираат кучињата скитници во областа. Досега повеќе од 20 кучиња се однесени во локално засолниште, но многумина веруваат дека ова доцнење имало трагичен исход.

Трагедијата не ги остави рамнодушни ниту државните функционери. Турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Џумакли изјави:

„Неприфатливо е нашите граѓани, особено децата, да бидат жртви на негрижата на локалните власти. Проблемот со кучињата скитници е итно прашање кое ќе го решиме согласно законот. Со целото срце стоиме со семејството на починатото девојче.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk