logo
logo
logo

Ужас во Италија: Со камен до смрт ја претепал сопругата и избегал, двете деца се исчезнати (ВИДЕО)

Vecer | 30.09.2025

Ужас во Италија: Со камен до смрт ја претепал сопругата и избегал, двете деца се исчезнати (ВИДЕО)

Се сомнева дека нејзиниот сопруг (58) ја претепал до смрт со камен во семејната куќа, а потоа избегал.

Властите сега го бараат, а се стравува и за судбината на нивните две малолетни деца, кои се водат како исчезнати.

Според медиумските извештаи, Салваторе Оконе (58) ја нападнал својата сопруга Елизабета Полчино (49) додека таа била во кревет. Тој постојано ја удирал со камен по главата и лицето, што довело до нејзината смрт, објави ТГ24.

Телото на жената го пронашле роднини утрово. Жената била пронајдена во локва крв во креветот, а докторот проценил дека таа е убиена околу 8 часот утрово.

Двојката, која годинава ќе ја прославеше 25-годишнината од бракот, има три деца: возрасен син кој работи за компанија во Емилија Ромања, и две малолетни деца, син (15) и ќерка (16). Најстарото дете било информирано за трагедијата неколку часа подоцна, додека малолетниците наводно не биле на училиште утрово и се стравува дека би можеле да бидат со својот татко.

Градоначалникот на областа во Италија, Салваторе Колета, исто така ја потврди загриженоста за судбината на децата.

„Освен сопругот на жртвата, децата не се пронајдени и тоа е нашата најголема загриженост. Веста ја шокира заедницата, ова е семејство кое никогаш не покажало знаци на проблеми“, рече тој.

Во исто време, тој нагласи дека истрагите се фокусираат на имотот што го поседува сторителот, со цел да се пронајдат и него и двете деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk