logo
logo
logo

Ужас во Истанбул: Автобус влета меѓу луѓе на станица, има многу повредени (ВИДЕО)

Vecer | 15.10.2025

Ужас во Истанбул: Автобус влета меѓу луѓе на станица, има многу повредени (ВИДЕО)

Медиумите пишуваа дека голем број луѓе се повредени, а првите снимки од местото на настанот се појавија на социјалните мрежи.

Според турските медиуми, автобусот прво се забил во паркирано такси и камион, а потоа директно во станицата во Истанбул каде што многу луѓе чекале превоз.

Снимките од местото на настанот ги прикажуваат повредените како лежат на улица, додека некои се пренесуваат во амбулантни возила на носилки.

„Автобусот беше тешко оштетен, беше полн со патници кога се заби во станицата. Ова е сериозна несреќа, има многу повредени, точниот број сè уште е непознат“, соопштија властите.

Очевидци тврдат дека возачот на автобусот ја изгубил контролата врз возилото додека се расправал со мотоциклист пред него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk