logo
logo
logo

Ужас во Германија: Татко си дошол дома и ги нашол мртви сопругата и двата сина, биле избодени

Vecer | 05.02.2025

Ужас во Германија: Татко си дошол дома и ги нашол мртви сопругата и двата сина, биле избодени

Ужасниот настан се случил во градот Вилинген-Швенинген. Кога таткото дошол дома, ги затекнал сопругата (45) и двата сина (14, 16) мртви.

Според полицијата, сите жртви имале убодни рани. Полицијата и службите за брза помош започнале голема операција, но можеле само да ја потврдат смртта, пишува Билд.

Полицијата соопшти дека запленила нож, кој најверојатно бил употребен во убиството-самоубиството. Се сомнева дека мајката прво ги убила своите синови, а потоа и самата себе.

Истрагата продолжува, а засега не е познат мотивот за ова брутално убиство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk