Единаесетгодишно девојче исчезнало откако завршило училиштето додека се движело кон дома, а синоќа било пронајдено мртво, јавува Паризиен.
Откако исчезнала, нејзините родители веднаш го пријавиле нејзиното исчезнување во полиција, која започнала потрага откако таа не се јавила на телефон во 13 часот и 50 минути. Во исто време, нејзината постара сестра објави апел за помош на социјалните мрежи. Таа изјави дека Луиз последен пат била видена на пешачки премин на улицата Лавоазие, во соседниот град Лонџумо, каде што живее нејзиното семејство.
Девојчето во моментот на исчезнување носело црна капа, сина зимска јакна и бели патики.
Нејзиното тело е пронајдено ноќеска во шума.
Во потрагата учествувале кучиња трагачи, дронови и хеликоптер на жандармеријата. Полицијата ги анализирала снимките од надзорните камери и ја забележале Луиз како шета низ паркот Темплари, кој се наоѓа на само неколку десетици метри од нејзиното училиште. Тоа била нејзината последна трага.
Истрагата потоа се фокусирала на споменатиот парк.
Во 21 часот и 40 минути во околината застанало куче трагач. По неколкучасовна потрага, телото на девојчето било пронајдено во истата шума ноќеска во 01:50 часот.
Засега не е позната причината за смртта. Обдукцијата, закажана во форензичкиот институт Корбеј-Есон, треба да даде повеќе информации за причината за смртта на девојчето.
Како што прецизираат од обвинителството, во оваа прилика е отворена истрага за убиство на малолетник.
Обвинителот соопшти и дека во врска со овој случај две лица се во притвор, а нивниот распит е во тек. На снимката од надзорната камера е забележан 23-годишен маж, кој веќе ѝ е познат на полицијата. Полицијата потоа отишла во неговиот стан нешто по 00.30 часот. Осомничениот бил во стан со дваесетгодишна жена која се претставила како негова партнерка.
Двајцата се уапсени во 00:45 часот без отпор и веднаш се приведени. Засега не е утврдена врска меѓу осомничените и жртвата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата