logo
logo
logo

Ужас во Франција: Ученик избодел наставничка по музичко по лицето и избегал

Vecer | 24.09.2025

Ужас во Франција: Ученик избодел наставничка по музичко по лицето и избегал

Нападот се случил во средното училиште „Роберт Шуман“ во Бенфелд, во регионот Долна Рајна, објави Монд.

Се верува дека ученикот е во младински центар во Франција. Наставничката е веднаш хоспитализирана и е во сериозна состојба.

Училиштето било веднаш евакуирано

Преостанатите ученици и нивните наставници биле евакуирани од училиштето и истрагата е во тек.

Полицијата го блокирала подрачјето околу училиштето и во моментов трага по ученикот осомничен за нападот.

Идентитетот на напаѓачот не е објавен бидејќи е малолетник.

Наставничката која била избодена предава музичко. Таа била избодена во лицето. Мотивот за нападот во моментов е непознат.

Училиштето е јавно средно училиште со околу 800 ученици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk