logo
logo
logo

Ужас во базен во Германија: Четворица Сиријци сексуално нападнале 9 девојчиња, најмалата имала 11 години

Vecer | 28.06.2025

Ужас во базен во Германија: Четворица Сиријци сексуално нападнале 9 девојчиња, најмалата имала 11 години

Нападите се случиле минатата недела во Барбаросабад во Гелнхаузен (населба од околу 23.000 жители). Неколку девојчиња пријавиле кај персоналот на базенот во југоисточен Хесен околу 17 часот дека група мажи ги допирале по целото тело во просторијата со џакузи.

Полицијата успеала да уапси четири осомничени, на возраст меѓу 18 и 28 години. Се вели дека друг маж го напуштил базенот без да биде идентификуван. Мажите се сириски државјани, потврди портпаролката на полициската станица во југоисточен Хесен во Офенбах за Билд.

Двајца биле во роднинска врска. Против сите нив се поднесени кривични пријави. Исто така, им е забранет пристапот до базенот.

Првично, пет ученички се јавиле за да ги пријават инцидентите. Откако сексуалните напади на отворениот базен станале јавно познати, повеќе девојчиња го следеле примерот. Тие, исто така, сведочеле дека биле сексуално вознемирувани. „Моментално имаме девет девојчиња“, изјави полицијата за Билд. Најмладата жртва има 11 години, а најстарата 17.

Инцидентот бил прв од ваков вид во Барбаросабад оваа година, рече градоначалникот Кристијан Лицингер, според Хесише Рундфунк.

Во овој момент не може да се исклучи дека и други девојчиња или жени биле нападнати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk