logo
logo
logo

Уште едно лице обвинето за подметнување на пожар на имотот на Стармер

Vecer | 20.05.2025

Уште едно лице обвинето за подметнување на пожар на имотот на Стармер

Карпиук, кој е роден во Украина, а живее во источен Лондон, е обвинет за подметнување пожар со намера за загрозување на живот. Тој беше уапсен пред три дена на аеродромот Лутон, северно од Лондон.

Карпиук е вториот човек уапсен поради подметнувањето на пожари. Британската полиција на 13 мај го уапси Украинецот, Роман Лавриновиќ, еден ден откако подметнал пожар на влезот на имотот на Стармер во Кениш Таун, северен Лондон. Огнот предизвикал само материјална штета. Тој се товари за подметнување на уште два пожара.

Карпиук и Лавриновиќ ќе останат во притвор до следното сослушување, што е закажано на 6 јуни.

Од 8 до 12 мај во северен Лондон биле подметнати три пожари, во кои нема повредени лица. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk