logo
logo
logo

Уште една мистериозна смрт на руски тајкун- потпретседателот на „Транснефт“ е пронајден мртов на автопат

Vecer | 04.07.2025

Уште една мистериозна смрт на руски тајкун- потпретседателот на „Транснефт“ е пронајден мртов на автопат

„Транснефт“ ја потврди смртта на Андреј Бадалов, но не коментирале за околностите. Компанијата соопшти дека работел под „тешки и стресни услови“ обележани со западните санкции.

Телото на Бадалов е пронајдено под прозорецот на куќа на автопатот Рубљово-Успенское, објави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван полициски извор, како што објави независниот руски медиум „Москва тајмс“.

„Прелиминарната причина за смртта е самоубиство“, рече изворот, додавајќи дека е во тек прелиминарна истрага.

Бадалов ја надгледувал дигиталната трансформација на Транснефт од неговото назначување за потпретседател во јули 2021 година.

Неговата смрт е најновата во низата необјаснети мистериозни смртни случаи меѓу високи раководители во енергетскиот сектор на Русија откако земјата започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Најмалку четири смртни случаи во 2022 година беа поврзани со државниот енергетски гигант Газпром, додека други вклучуваа раководители на Новатек и Лукоил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk