logo
logo
logo

Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“

Vecer | 14.06.2025

Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“

- Како привремен претседавач со БРИКС, бразилската Влада го објавува формалниот прием на Виетнам како партнерска земја. Бразил ја поздравува одлуката на виетнамската Влада, се наведува во соопштението.

Бразил оваа година го предводи БРИКС и ќе претседава со самитот што треба да се одржи на 6 и 7 јули.

Виетнам е десеттата нација која го добива овој статус, што им овозможува на земјите партнери да учествуваат на самитите и на други сесии и настани на БРИКС.

БРИКС е меѓувладина асоцијација основана во 2006 година. На првичните членки Русија, Бразил, Индија и Кина, во 2013 година им се приклучи Јужноафриканска Република, а потоа и Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Во земјите од БРИКС живее речиси половина од светското население, групата има 37,3 проценти учество во глобалниот БДП и 43,1 отсто удел во светското производство на нафта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk