logo
logo
logo

Унгарија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд

Vecer | 03.04.2025

Унгарија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд

 Веста ја потврди шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљас, непосредно по пристигнувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во официјална посета на Будимпшта, а по кого Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење.

 Дури и пред објавувањето, Нетанјаху беше практично сигурен дека нема да биде приведен, зашто уште поодамна орбан посочи дека одлуката „нема ефект“ во неговата земја.

 Овој суд го сомничи нетанјаху за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната со Хамас.

  Унгарија е една од основачите  на Меѓународниот кривичен суд, кој има 125 земји-членки.. Соединетите американски држави, Русија, Кина и Израел не ја признаваат нејзината јурисдикција, како и некои други земји..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk